еМагазин
Image default
Македонија

Прекршена е пресумпција на невиност во случајот „Организатори на 27 април”, смета обвинетиот Спиро Ристовски

Обвинителството не сослуша ниту еден единствен претставник на органите на партијата за да го потврди дејствијето што ми се става на товар дека секојдневно и непосредно сум ги контактирал и координирал партиските комитети, изјави денеска обвинетиот Спиро Ристовски, во својот завршен збор во случајот „Организатори на 27 април”, посочувајќи дека од друга страна неговата одбрана сослушала 102 сведока, меѓу кои и пратеници, поранешен премиер и претседател на државата и претседатели на општински, месни и градски комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

– Презумпцијата на невиноста е прекршена, бидејќи товарот на докажувањето во овој случај е префрлен од Обвинителството на одбраната. Согласно Кодексот за работа на јавните обвинителите етичка одговорност на обвинителот е да обезбеди точно сведочење и докази со кои ќе ги докаже обвиненијата, а етичка должност е да презентира целосни, а не парцијални факти, измислици или пристрасни обвинувања, рече Ристовски.

Истовремено, тој истакна дека доказите на Обвинителството не треба да го докажуваат нивното разумно сомневање, туку „да ја утврдуваат вината на обвинетитот надвор од разумно сомневање за секоја основа на обвинителниот акт“.

– Обвинителството не презентираше ниту еден материјален или вербален доказ за да докаже дека јас со другите обвинети сум учествувал во подготовка на некаков план.

Невозможно е да се изготви план помеѓу група на обвинети кога јас никогаш не сум имал каква било комуникација со Владимир Атанасовски (обвинет, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК)) и Никола Бошковски (во бегство).

Со Никола Груевски имав единствено службена комуникација, затоа што тој период бев се уште заменик министер за образование, истакна Ристовски.

Тој истакна дека од презенираните докази од реализираната комуникација можело да се види дека со Никола Груевски немал комуникација од 22 април.

– Значи не само дека не сум имал комуникација на критичниот 27 април, туку и денови претходно и денови после тоа. Исто така и со Миле Јанакиески на 27 април не сум имал никаква комуникација, а со Трајко Вељаноски сум имал разговор на сосема друга тема, наведе Ристовски.

Судењето за „Организаторите на 27 април” го води судијата Илија Трпков, а обвинението денеска го застапуваше обвинителот Трајче Пеливанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исказите на Нинџа за 27 април се „џејмс бондовски“ сценарија, вели одбраната на Спиро Ристовски

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски со косовската колешка разговарал и за унапредување на правата на Македонците во Косово

Редакција

Обвинителството ќе ги испрашува „другарите“ на Груевски од Будимпешта

Редакција

Нови 293 случаи со Ковид-19, оздравени 102 лица, нема починати

Редакција