еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Пристигна најновиот паметен технолошки херој – Hyundai Tucson

Ми-Да Гранд Моторс, денеска, премиерно го претстави најновиот паметен и поголем технолошки херој – моделот Hyundai Tucson со нов футуристички изглед, хибридна опција и престижен ентериер.

Новата генерација на Hyundai TUCSON не претставува само наследник на претходниот модел, туку комплетна дизајнерска и моделска револуција во секој поглед.

Неговите перформанси, безбедносни особини, напредни технологии и уникатен дизајн, надополнети со многу комфор и забава, претставуваат сето она што го направи ова SUV возило толку посебно и посакувано.

Последниот збор на технологијата во автомобилизмот го промовираа директорот на Ми-Да Гранд Моторс, Дритон Заири и продажниот советник, Никола Талески.

Според Заири, ова возило е најпродавано во флотота на Hyundai и поради тоа, компанијата смело пристапила кон промени во дизајнот и перформансите на Tucson-от. Тој е горд што Ми-Да Гранд Моторс ги следи трендовите и што нашите граѓани имаат можност да го возат овој фантастичен Hyundai SUV.

„Hyundai Tucson е еден од клучните производи на нашата компанија и е еден од најпродаваните наши модели со cutting edge SUV дизајн. Ние секогаш се трудиме на купувачите да им обезбедиме комфор и удобност, во комбинација со последниот крик на технологијата. Ми-Да Гранд Моторс, како овластен застапник за Hyundai, ќе обезбедува редовно одржување и гаранциски поправки на сите верзии и изведби на новиот Tucson, согласно стандардите на корпорацијата“, рече Заири.

Во светот, досега се продадени повеќе од 7 милиони примероци од неговото лансирање во 2004 година. Од нив, 1.4 милиони примероци се продадени во европските земји и со тоа е најпродаваниот SUV на компанијата на глобално ниво.

„Со претставувањето на целосно новиот Tucson клучно е да се прошири електрификацијата на нашиот најпродаван теренец. Ова лансирање е уште една пресвртница за Hyundai, бидејќи веќе нудиме електрифицирани верзии на нашата гама на SUV возила.

Со својот прогресивен дизајн и најсовремена постава на погонски агрегат, комплетно новиот Tucson е еден од нашите клучни производи во Европа“, вели Мајкл Коул, претседател и извршен директор на Hyundai Motor Europe.

Четвртата генерација Hyundai Tucson има комплетно различен и авангарден дизајн во однос на својот претходник. Продажниот советник Никола Талески, на денешната презентацијата, потврди дека автомобилот е со елегантен и конзервативен карактер, но со модерна дигитализирана внатрешност.

Патниците добиваат поголем комфор затоа што кабината, но и самото возило, се зголемени во должина и ширина. Возилото има и многу поголем багажен простор. Специфично и многу важно е тоа што не постојат веќе традиционалните прекинувачи или други копчиња, туку сите команди се електронски – на дисплеј или на тастери на допир.

Купувачите можат да го купат со три различни агрегати – бензин, дизел или хибрид. Бензинските мотори се нудат во две варијанти и тоа, 1.6 турбо бензинец со 150 или 180 коњски сили, со погон на една или две оски и дополнително има можност да се одбере помеѓу мануелната и автоматската трансмисија.

Дизелските мотори нудат варијанти со 115 и 136 коњски сили, кои исто така можат да бидат со погон на една или две оски, со мануелен или автоматски менувач. Новитетот, односно хибридните мотори, Hyundai ги нуди со 180 коњски сили и можат да бидат со погон на една или на две оски, со автоматски менувач.

„Во тек со современиот свет и модерната технологија, новиот TUCSON e надополнет со бројни системи за асистенција и внимава на сите активни и пасивни учесници во сообраќајот, предупредува и делува, во зависност од моменталната ситуација.

Со новиот Hyundai TUCSON, Hyundai како производител ги помести границите на едно повисоко и понапредно ниво. Создаде возило за секој и за сите можни услови а со тоа покажа дека не постои во автомобилската индустрија само за да учествува, туку и да победи“, објасни Талески.

Повеќе детали за возилото може да прочитате на нашата интернет страница www.hyundai-mk.mkили доколку ја изгледате нашата презентација на Фејсбук страницата. Возилото е достапно за тест возење со претходно закажување.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за здравство објави листа на донатори кои помогнале со опрема и финансиски средства за време на корона кризата

Редакција

Македонија2025 го организираше третиот Саем за наука: Дел од проектот „Науката и Јас“

Редакција

(Фото) Програма: Трет скејтбординг натпревар ONE MORE TRY Skopje

Редакција