еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Државниот завод за статитсика нема да почне со пописните активности на терен

Имајќи ја предвид новонастанатата ситуација во врска со Пописот 2021, а во согласност со Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021, до завршувањето на постапката во Собранието што се очекува многу брзо, Државниот завод за статистика нема да ги отпочне пописните активности на терен, информираат од таму.

„Имајќи предвид дека е предвидено Пописот да трае 21 ден, односно до 21 април, Државниот завод за статистика смета дека има доволно време сите предвидени пописни активности да се завршат на време.

Во периодот додека се чека разрешница во Собранието, Заводот уште еднаш ќе направи проверка на сите организациско-технички активности на терен за да биде уште повеќе сигурен дека сè е подготвено за евентуално започнување со теренското попишување,“ се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО ја зголеми проценката за заканата од коронавирусот на највисоко ниво: Подгответе се

Редакција

Ковачевски и Вучиќ од Минхен: Македонија и Србија придонесуваат за безбедноста на регионот

Редакција

Министерот Нуредини e во самоизолација, ќе работи од дома

Редакција