еМагазин
Image default
Македонија

Пристигнаa 3.000 од 13. илјади брзи тестови, тестирањето со нив е бесплатно

Денеска во Министерството за здравство пристигна 3.000 тестови, дел од донацијата од 13.000 брзи тестови кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид-19.

Останатиот дел од тестовите ќе биде испорачан до среда.

„Овие брзи тестови се бесплатни за граѓаните, а истите ќе бидат распоредени низ 13 те болници во државата, во Клиниката за инфективни болести во Скопје, Болницата 8 Септември, Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле и ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза-Скопје, и ќе се користат како би се утврдило дали суспектните пациенти се позитивни на Ковид-19.

Донацијата ја обезбедија ГД Гранит и Нафтената компанија Галф оил Македонија,“ информираат од Министерство за здравство.

Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Генералниот секретар Рашковски ќе тужи партии, новинари и медиуми

Редакција

Анкета на ИРИ: Само 13% од граѓаните сметаат оти Македонија се движи во вистинска насока

Редакција

Кежаровски: Во затворот во Шутка цените на телефоните скокаат и до 1.000 евра кога престојуваат политичари

Редакција