Продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура во некои места ќе достигне до 40°C, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.
Во четврток и петок ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.
Фото: Unsplash














