еМагазин
Image default
Бизнис

Проектот за бакар „Иловица-Штука“ нема да користи цијанид и ќе донесе бенефит за македонската економија

Проектот за бакар „Иловица-Штука“ е целосно безбеден и се развива според највисоките стандарди за животна средина, според домашното и меѓународното законодавство. Сите обвинувања кон проектот се изнесени на паушални основи и не се поткрепени со никакви факти.

За да се одвива конструктувен дијалог, сите заинтересирани страни можат да извршат увид во целокупната документација на проектот, која е јавно достапна. Дополнително на тоа „Еуромакс ресоурсис“ ја продолжува комуникацијата со сите заинтересирани страни, вкучувајќи ги и граѓанските организации.

Имајќи го предвид ставот на локалната заедница, менаџментот на компанијата донесе одлука да не го користи цијанидот во постапката, како и суфурната киселина. Тоа е јасна потврда дека определба на компанијата е да проектот да се развива со поддршка на локалната заедница.

Рудникот ќе работи согласно еколошките стандарди, повисоки од оние утврдени од ЕУ, без никакво влијание врз земјоделството. „Еуромакс“ спроведе транспарентно и сеопфатно вклучување на заедницата и засегнатите страни во текот на изминатите 4 години, и истото е темелно документирано во Студијата за влијанието врз животната средина.

Со отстранувањето на цијанидот од процесот за обработка на рудата, примарниот производ на проектот „Иловица-Штука” сега ќе биде бакар.

Главниот процес на преработка на рудата е флотација, физички процес преку кој ќе се произведува бакарен концентрат и ќе биде транспортиран во топилница во Бугарија. Овој процес на флотација е сличен на сите постојни големи рудници за метали во Македонија и не вклучува хемиски реакции за растворање на рудата.

Реализацијата на проектот за бакар „Иловица-Штука“ ќе има голем економски бенефит за локалната и националната економија. Ќе се отворат 500 нови директни работни места и над 2700 индиректни вработувања во компаниите изведувачи. Во соработката предност ќе имаат локалните компании, што ќе биде дополнителен поттик за локалната економија. На национално ниво проектот ќе учествува со со 3% од БДП на Македонија и ќе обезбедува даночни приходи во висина од 24 милиони евра годишно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет најтргувани акции на Македонската берза

Редакција

Со кредитот од Светска банка ќе се набавува скапа терапија за третман на пациенти заболени со Ковид-19

Редакција

Финска ги суспендира летовите од Скопје поради патници со Ковид-19 кои доаѓаат од Македонија

Редакција