еМагазин
Image default
Бизнис

Проектот за изградба на хидроцентралата Чебрене-Галиште во втора фаза, има девет понудувачи

Проектот за изградба на хидроцентралата Чебрене-Галиште е во втора фаза и пријавени се девет понудувачи, обелодени денеска премиерот Димитар Ковачевски.

На економскиот форум организиран од „Finance Think“, Ковачевски говорејќи за електроенергетскиот сектор во земјава изрази надеж дека тендерот успешно ќе заврши и дека конечно ќе биде избран изведувач.

– Во втора фаза е проектот Чебрене-Галиште. Има девет понудувачи кои овие денови се на теренско разгледување на просторот за да имаат еднаква информираност за рамнопрано да учествуваат на тендерот. Се надевам дека тендерот ќе успее и дека конечно ќе имаме изведувач, рече Ковачевски.

Проектот Чебрене-Галиште се смета за еден од стратешките проекти во македонскиот енергетски сектор, но во изминатите години имаше неколку неуспешни тендери.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Монтинг енергетика“ го доби тендерот на ЕСМ за специјализирана работна рака за ремонти во РЕК Битола вреден 825.000 евра

Редакција

Саемот на мебел ќе се одржи од 26 до 30. март, дел од приходите од влезниците ќе бидат донирани за Кочани

Редакција

Драгољуб Арсовски купи 500 акции во ТТК Банка

Редакција