еМагазин
Image default
Македонија

Првообвинетата Лидија Димова не дојде: Одложено судењето на поранешната директорка на Агенцијата за европски образовни програми

Судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, е одложено за 2 февруари, откако првообвинетата денеска не се појави во Основниот кривичен суд – Скопје.

Како што информираше судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, обвинетата со поднесок до Судот побарала одложување на рочиштето поради влошена здравствена состојба.

Одложување побарала и јавната обвинителка, бидејќи поради неодложни службени обврски била спречена да присуствува на првото насрочено рочиште.

Советот реши да го одложи судењето за 2 февруари 2023 година.

Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, се гони за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница.

Александар Гочев за кривично дело „измама“, исто така, на штета на Европската заедница и Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“.

Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Израелскиот центар „Симон Визентал” со подршка на предлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ за забрана на клубови кои во Македонија промовираат нацизам или фашизам

Редакција

Владата ќе воведе забрана и посебен режим на движење: Армијата и полицијата излегуваат на улица

Редакција

Клиниките за кожни болести и за неврологија повторно стануваат ковид-центри, се отвара ковид оддел и во ГОБ „8 Септември”

Редакција