Муцунски: Работиме на одблокирање на европскиот пат, но не смееме да споделуваме детали од разговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека Владата работи на одблокирање на европскиот пат но не смее да открива детали.

„Работиме на решение, но не решение по секоја цена и не решение коешто само по себе нема да биде одржливо и коешто ќе создава ризици повторно да бидеме во оваа ситуација во која што се наоѓаме сега.

Разликата помеѓу оваа влада и претходните влади е што ние не сме подготвени за попустливост по прашања поврзани со идентитет, историја, јазик и култура и затоа ние често зборуваме за тоа дека има разговори.

Ние не смееме да ги споделуваме деталите од тие разговори, бидејќи ако почнеме со јавноста да ги споделуваме, тогаш ги осудуваме на неуспех,“ вели меѓудругото Муцунски во интррвју за МИА.

Фото/МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести