Во СВР Охрид завчера во 21.20 часот од Општа болница Охрид било пријавено дека кај нив бил донесен повреден Т.Ч.(40) од Албанија, кој со повреди се здобил околу 16.00 часот, извршувајќи работни задачи на место викано „Грагорица“, во атар на село Свиниште.
Како што соопшти МВР, по укажаната лекарска помош, тој им подлегнал на повредите.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител, полициски службеници од СВР Охрид и инспектор.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.