еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Развојна банка објави повик за бескаматна кредитна линија за компании погодени од енергетската и економската криза

Развојната банка денеска објави јавен повик за нова бескаматна кредитна линија наменета за обртни средства на кој од 11 мај 2022 година можат да аплицираат микро, мали и средни компании, трговци поединци и занаетчии погодени од енергетската и економската криза.

Јавниот повик ќе трае 15 дена, сметано од 11 мај 2022 година од 09:00 часот до 26 мај 2022 година до 09:00 часот, а барањето за кредит субјектите треба да го достават по електронски пат на е-маил адресата [email protected].

Минималниот износ на кредит е 185.000 денари, а максималниот 3.000.000 денари и има рок на отплата од 12 и од 18 месеци со вклучен грејс период од 6 месеци и во двата случаи.

За корисниците на оваа кредитна линија предвидена е грант компонента од 10 проценти за субјектите кои ќе користат рок на отплата од 18 месеци, односно 20 проценти за субјектите кои ќе користат рок на отплата од 12 месеци. Грејс периодот и во двата случаи е до 6 месеци.

-Кредитната линија е наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход и се регистрирани во Република Северна Македонија. Компаниите треба да бидат во приватна сопственост и на листата на прифатливи класи на дејности за кредитирање, објавена во јавниот повик, информираат од Развојната банка.

Нагласуваат дека субјектите кои користеле кредит од „Ковид 3” и „Ковид 4” кредитните линии, нема да можат да ја користат кредитната линија за поддршка на компаниите погодени од енергетската и економската криза.

-Субјектите кои користеле кредит од „Ковид 1“ и/или „Ковид 2“ кредитните линии и немаат неизмирени достасани обврски во износ поголем од 10.000 денари на денот на аплицирање (11 мај 2022), ќе можат да ја користат оваа бескаматна кредитна линија, посочуваат од Развојната банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пензионерите ќе добијат минимално зголемување на пензиите од 1,8 отсто заради усогласувањето

Редакција

Владата ја замрзна цената на јајцата и оризот до 30 април 

Редакција

Инфлацијата во август 8,3%

Редакција