Во текот на изминатото деноноќие (14/15.06.2020 година) на територијата на Македонија на 324 лица им се издадени решенија за изолација, а 88 лица потпишале изјави за самоизолација, информира МВР.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што констатирано е дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.
Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 620 прекршоци.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.