Случајот „Рекет“ е даден на оценување, се чекаат да истечат роковите за да се закаже рочиште за оценка на обвинителниот акт, изјави денеска претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев.
За „Рекет“ првоосомничен е Бојан Јовановки за примање награда за противзаконско влијание, за перење парти и за други приноси од казниво дело. Второ осомничен за трговија со влијание е Зоран Милески – Кичеец, а поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е третоосомничена за злоупотреба на службената положба и овластување.
Јовановски и Јанева се во притвор во Шутка, додека Кичеец е во домашен притвор.
Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска подоцна издаде наредба за отворање истрага за измама, перење пари и помагање во овие кривични дела против Боки 13, кој е веќе во притвор за “Рекет“, против татко му, Миле Јовановски, Јасна Мандиќ и нејзината асистентка, против потпретседателката на Собранието и пратеничка од СДСМ, Фросина Ташевска-Ременски. За измама како правен субјект се гони и Меѓународниот сојуз за делото измама.
-Мислам дека се уште не е закажано рочиште за Рекет, бидејќи еден од бранителите подолго време не примаше покана, додаде Џолев.
Претседателот на Кривичен денеска информираше и дека рочиштето за предметот за организаторите на настаните од 27 април е закажано за 4 ноември.
МИА