еМагазин
Image default
Бизнис

Ревизорите открија слабости кај Фондот за здравствено осигурување во однос на лекувањето во странство

Слабости на постапките за лекување во странство откриле државните ревизори по контролата на работењето на Фондот за здравствено осигурување.

Ревизорите констатираат дека поради специфичноста и сензитивноста на постапката во случаите за упатување на лекување во странство често се надминува законскиот рок од 45 дена за нивно решавање поради барањето дополнителна документација за одлучување на комисиите и други причини.

Тоа го одолговлекува упатувањето на лекувањето во странство, а со тое се влијае и на успешноста на лекувањето и предизвикување поголеми буџетски трошоци.

Дополнително, ревизорите укажуваат дека сегашните процедури не озвоможуваат второстепеност на постапката и соодветна правна заштита доколку барателот за лекување во странство е одбиен или незадоволен од донесените решенија.

Од Државниот завод за ревизија (ДЗР) потенцираат дека се потребни законски измени за да се решат овие прашања.

Целиот извештај ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Долгорочна суспензија од котација на Македонската берза на охридски Трудбеник

Редакција

Гувернерката Ангеловска Бежоска за „Блумберг“: Членството во НАТО и ЕУ ги зголемува капиталните приливи

Редакција

Анализа на „Пари“: Топ 10 аптеки кои лани оствариле најголем приход

Редакција