еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ревизорите откриваат: ВМРО-ДПМНЕ не може да најде уметник за да му плати 380.000 евра за 271 уметничка слика

Уметник од странство кој изработил 271 слика за потребите на ВМРО-ДПМНЕ во вкупна вредност од околу 380.000 евра со години не доставил фактура за извршената работа поради што сликите останале неплатени, откриваат Државните ревизори по контролата на редовната сметка на партијата.

Во извештајот се вели дека оваа состојба била констатирана уште во 2016 година и дека авторот согласно договорот требало да достави фактура до 30.06.2017 година врз база на која би се извршило плаќањето.

„Врз основа на сознанија добиени од одговорните лица во ВМРО-ДПМНЕ бевме информирани дека и покрај направените заложби од нивна страна за воспоставување комуникација со странското лице, истата не била остварена, поради што до денот на известувањето од извршената ревизија, состојбата е непроменета односно не е доставена фактура врз која би се извршило плаќањето“, пишува во извештајот.

Целиот извештај ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државните ревизори откриваат дека СДСМ преку правна постапка си го бара наследството

Државните ревизори откриваат дека ВМРО-ДПМНЕ на рати отплаќа милионски долгови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сојуз на здруженија на дијабетичари бара од Владата да се ослободат од работни и училишни обврски хронично болните и дијабетичарите

Редакција

(Галерија) Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата: Попуштањето на Заев значи разградување на македонската држава

Редакција

Сите детали: Се предлага скратување на полицискиот час, продолжено време за движење на младите и постарите

Редакција