Ќе зборуваме ли во цела Европа како дома, ЕК предлага да се укине роамингот за земјите од Западен Балкан

Од Европската комисија (ЕК) информираа дека ќе побараат одобрение од Европскиот совет за отворање преговори со земји од Западен Балкан за укинување на роамингот, а оваа се однесува и на Македонија.

Откако ќе добие овластување, ЕК за укинувањето на роамингот ќе преговара посебно со секоја од шестте земји од Западен Балкан.

Укинувањето на роамингот ќе значи дека за повици и текстуални пораки низ целата Европска унија (ЕУ) ќе плаќаме како да сме во Македонија.

Идејата за воведување на системот на ЕУ „роаминг како дома“ со земјите од Западен Балкан е од 2014 година.

Главниот услов да се воведе овој систем за Македонија е да се приспособи Европскиот комуникациски код во нашиот Закон за електронски комуникации заедно со уште четири други регулативи: две од 2016 година, една од 2018-2019 и една од 2022 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести