14-ти февруари, денот на љубовта, заврши и помина. Сите со своите сакани ја искористија можноста да си подарат и да ја покажат својата почит кон партнерот. Некои дури успеаја во тоа, баш на 14-ти февруари, да се верат и да си ветат дека ќе го поминат цел живот заедно.
Воедно, во екот на овие љубовни денови Сара Мејс и Димитар Атанасовски на своите Инстаграм профили пренесоа една прекрасна љубовна порака, а тоа е дека не е важно дали е св. Валентин или било кој друг ден од годината, кога има луѓе кои ги љубиш и кои сакаш да ги изненадиш, секогаш можеш да го направиш тоа.
И Димитар и Сара си подарија уникатни парчиња од LISCA. Сара посочи дека љубовта што ја добива од Димитар е рецепт за совршен викенд, а Димитар рече дека животот е прекрасен.
Останува да видиме што си купија еден на друг?
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА