еМагазин
Image default
Македонија

Скопје џез фестивал, Авалон и другите одбиени проекти од Министерство за култура, ќе може повторно да аплицираат

Министерот за култура, Асаф Адеми одржа средба со дел од субјектите чии проекти поради  формални недостатоци беа одбиени на годишните конкурси за проекти од национален интерес во културата за 2019 година.

„На средбата, министерот Адеми, на претставниците на дел од манифестациите во културата, им ја објасни постапката на разгледувањето на пријавите и причините кои доведоа до одбивање на нивните пријави. Со оглед на тоа што комисиите за дел од одбиените пријави при ревизијата на резултатите од годишните конкурси утврдија дека станува збор за проекти кои се од национален интерес во културата, а во согласност со Законот за општата управна постапка, на субјектите кои доставиле пријави на годишните конкурси им се дава можност во соодветен рок да достават дополнителни појаснувања и документација за пријавите кои имале формални недостатоци“, се вели во соопштението.

Министерството за култура ја информира јавноста дека постапката за разгледување на пријавите доставени на годишните конкурси е во согласност со Законот за културата и дека при одлучувањето комисиите не подлегнувале на какви било притисоци, туку се раководеле според пропишаната норматива поврзана со годишните конкурси.

„Според Законот за општата управна постапка, министерот има рок до 11 март да ги донесе решенијата за проектите кои се поддржани, односно одбиени на годишните конкурси. На оваа средба присуствуваа дел од операторите во културата, а писмо со барање за доставување дополнителни појаснувања и документација за пријавите кои имале формални недостатоци ќе биде испратено до сите учесници на годишните конкурси чии проекти се одбиени од формални причини, а за кои комисиите утврдиле дека се во функција на развој, афирмација и промоција на културата во Република Северна Македонија и кои имаат предуслови да бидат избрани за проекти од национален интерес во културата за 2019 година“, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фестивалот „Пеце Атанасовски“ по 45 години е „избришан“ од програмата на Министерството за култура

И градоначалникот на Велес, Коцевски, остро реагира на распределбата на пари во културата

„На кого му треба Џез фестивал додека има Ѕвезде Гранда“: Твитер „прегреа„ за Годишната програма на Министерството за култура

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избори или промена на Уставот: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ блиску или далеку до договор?

Редакција

Не е разговарано за други интервенции во Уставот, освен внесувањето на Бугарите и други етнички заедници, тврди Маричиќ

Редакција

Лажни дојавите за бомби во основни и средни училишта во Скопје

Редакција