Се одложува одењето на Јакимовски во затвор

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, нема да оди во затворот Скопје во Шуто Оризари на 2. јули, каде требаше да ја одлежи затворската казна.

Тој како и што најави, побарал одложување поради здравствени причини, па неговото одење таму засега се одлага, додека не се донесе одлука за барањето, информираа од Основниот кривичен суд Скопје.

По примањето на неговото барање, судијата за извршување санкции од Судот, ја побарал медицинската документација за Јакимовски, за да може да донесе одлука, но се уште не добил одговор.

-Судијата за извршување санкции по приемот на барањето веднаш пристапил кон проверка на приложената медицинска документација.

До двете приватни здравствени установи, кои ја издале документацијата поднесени се барања за проверка на 15.06.2026, како и ургенција на 26.06.2026 година, по кои барања сè уште се чека одговор, како би можел да донесе соодветна одлука, велат од таму.

Јакимовски треба да одлежи уште седум месеци затвор, од потврдената едногодишна затворска казна, бидејќи остатокот го одлежа во притвор.

ПОВРАЗНИ ВЕСТИ

Кој е Стевчо Јакимовски, кој на 2. јули треба да оди во затвор

(Видео) Стевчо Јакимовски ќе се жали пред Врховен за затворската казна која му ја потврди Апелација

Јакимовски ќе бара одложување на затворската казна поради здравствени проблеми

Фото: Јакимовски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести