еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Се продолжува ослободувањето од плаќање аконтации за личен доход за март, април и мај за самостојните вршители на дејност

Продолжување на мерката-ослободување од обврската за плаќање на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2021 година во насока на поддршка на самостојните вршители на дејност при справувањето со последиците од коронавирусот ќе овозможат измените и дополнувањата на Законот за данокот на личен доход, по скратена постапка, чиј текст го утврди денеска на седница Владата на предлог на Министерството за финансии.

-Предложените измени се со цел да се обезбеди поддршка на занаетчиите-паушалисти во справувањето со последиците од коронавирусот, и се дава можност самостојните вршители на дејност во 2021 година да плаќаат за 50% помали аконтации во однос на претходната година како олеснителна мерка за справување на последиците од кризата заради Ковид-19, информираат од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во декември намален бројот на работници во индустријата

Редакција

Намален бројот на работниците во индустријата

Редакција

Можно намалување на сегашните, поскапени цени на струјата во април следната година, вели Бислимоски

Редакција