Владата на денешната седница ја усвои Одлуката за воведување забрана за извоз на семе од сончоглед.
Целта на оваа Одлука, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), е да се овозможи по завршување на жетвата која треба да почне во втората половина на август, најпрво да се снабдат домашните капацитети за производство на масло од сончоглед за јадење.
-Министерството за земјоделство и Минстерството за економија доставија Одлука за дополнување на Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки, со која предложија до Владата ограничување на извозот на нова тарифна ознака 1206 00- семе од сончоглед, вклучувајќи кршени или дробени.
Рокот на примена на овој тарифен број ќе продолжи да важи до 31 декември 2022 година, како што е уредено во Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки од 20 јули 2022.
Причината за дополнување на Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки со тарифната ознака 1206 00- семе од сончоглед, вклучувајќи кршени или дробени е да се овозможи по завршување на жетвата која треба да почне во втората половина на август, најпрво да се снабдат домашните капацитети за производство на масло од сончоглед за јадење, наведуваат од МЗШВ.
Во изминатиот период во МЗШВ беа одржани состаноци со производители и откупувачи на сончоглед при што беше заклучено дека во државата има доволни количини и финансиски средства за откуп на сончогледот од регистрираните откупни претпријатија.
Фото: Унсплеш