еМагазин
Image default
Македонија

Нема одење дома со службено возило и возење за лични потреби, одлучи Владата

Владата на денешната 104-та седница донесе Одлука за начинот на користење и одржување на службените возила, како уште една мерка за рационално користење на службените ствари и буџетските средства, соопшти владината прес-служба.

Со оваа одлука која е донесена на предлог на заменикот на претседателот на Владата, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, се утврдува начинот на користење и одржување на службените возила кои се во сопственост, односно се користат во министерствата и другите органи на државната управа, се утврдуваат корисниците на тие возила и начинот на користење од страна на корисниците носители на јавни функции именувани од Владата, и од страна на останатите вработени во државната управа со овластувања за користење возила за службени потреби.

Ќе се воспостави унифициран и единствен начин на користење и одржување на службените возила со цел спречување на злоупотреба на ова право од страна на носителите на јавни функции и вработени во државната управа.

Одредени исклучоци од оваа одлука се утврдени во делот на службените возила во сопственост на Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање, велат од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Конечниот список со сместувачки капацитети за бегалци од Украина не е довршен

Редакција

Димитров: Евтино заплашување е тезата дека „францускиот предлог“ е последен

Редакција

(Фото) Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Редакција