еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Семејствата на починатите во пожарот во модуларната болница бараат ново обвинение

Претставници на семејствата на 14 лица кои го загубија животот во пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година преку јавни протести ќе бараат да има ново обвинение.

Тие денеска во СВР Тетово пријавија дека во петок 8 септември на двегодишнината од пожарот ќе организирааат марш и јавен протест со барање да има ново обвинение.

-Очекуваме ново обвинение. Ние од почетокот бараме правда и очекуваме правда, но во оваа држава се гледа дека нема правда. Но излегува вистината кој е крив. Јас спомнав неколку пати дека не се овие тројца, имаат нешто вина ама има и поголем синџир. Тие од ИРЛ новинарите ја извадија вистината кој е виновен,а кој не е виновен, изјави Мумин Исмаили, кој во пожарот ги загубил братот и мајката.

Во петок најавија дека собирот ќе почне кај модуларната болница.

-Ние како фамилии на починатите во пожарот организираме протест и им порачуваме на сите граѓани да се приклучат во петок во 14 часот. Ќе бидеме пред модуларната болница и ќе одиме преку центар до судот. Им порачуваме на сите граѓани на Тетово ова да не биде партиски, ние фамилиите сме организатори и да нема инцидент, истакна Исмаили.

На 5 јуни 2023 заврши судскиот процес за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница Тетово.

Условна осуда добија обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“.

Судот одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најголемите должници на Листата на УЈП во август

Редакција

„Тетекс“: Компанијата не се затвора, туку нерентабилен погон

Редакција

(Видео) Полицајци пукале со службена пушка, надвор од работно време, и се снимале

Редакција