еМагазин
Image default
Македонија

СЕММ отстапува од грантот во рамки на владината поддршка за здруженија и фондации за мерки за справување со Ковид-19

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) соопшти дека отстапува од грантот во рамки на владината поддршка за здруженија и фондации за мерки за справување со Ковид-19 кризата.

СЕММ, како што се посочува, испрати официјален допис до Генералниот секретаријат на Владата на 14 јуни пред официјалното објавување на информацијата за доделените средства на здруженијата на граѓани.

Од СЕЕМ нагласија дека поради закажаните парламентарни избори во државата, непосредно по завршувањето на конкурсот за доделување финансиска помош, одлучиле сиот свој потенцијал да го насочат кон активно следење на состојбите во медиумската сфера и набљудување на степенот на почитување на слободата на изразување, што е приоритетна сфера на делување на нашата организација.

Од тие причини, наведуваат дека во овој момент треба да останат настрана од оваа акција за финансиска поддршка на дел од невладиниот сектор во рамките на настојувањата за борба против коронавирусот.

Од СЕММ потенцираат дека како здружение на граѓани, ја поддржуваат Стратегијата за соработка на државата со граѓанскиот сектор, сметајќи дека взаемното дејствување е неопходно во промовирањето и градењето демократска култура и социјална кохезија на сите општествени нивоа, а особено во справувањето со тековните предизвици и проблеми, како што во случајов е пандемијата со коронавирусот.

Во ова чувствително предизборно време СЕММ останува доследен на својата примарна функција – грижата за негување на професионалните и на етичките новинарски и медиумски стандарди, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детална листа: Кои здруженија добија 479.000 евра од Владата за мерки против корона вирусот?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Бугарија го потврди ветото, историската сега е огромна геостратешка грешка

Редакција

Алелуја: Полицијата го најде сопственикот на дивоградбата пред „Мавровка“ и му поднесе кривична

Редакција

Нови 355 случаи на Ковид-19, оздравени 145, две починати лица

Редакција