Сезоната на грип е започната и до сега се заболени 188 лица, а двајца се починати информира Институт за јавно здравје (ИЈЗ).
Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 77,4%, а во однос на моделот од последните 14 сезони е регистрира зголемување од 36,7%.
Најголем број на заболени лица се регистрирани на територијата на Гостивар, додека највисока кумулативна инциденца е регистрирана на територијата на Македонски Брод.
Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) – 144 случаи (76,6%).
Според последните информации од Министерство за здравство, до сега се пријавени 60.000 лица за вакцинација, а над 8.000 се вакцинирани.
Вакцинацијата се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет се во Скопје. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку матичниот лекар.
„Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население, како што се: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лицата сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи,“велат од Министерството за здравство.
Фото/МЗ














