еМагазин
Image default
Македонија

Шекеринска: Од нашите сојузници, вклучително и од Бугарија, очекуваме да помагаат, а не да одмагаат

Од нашите сојузници, вклучително и од пријателска Бугарија, очекуваме да помагаат, а не да одмагаат, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска како одговор на изјавата на нејзиниот бугарски колега Красимир Каракачанов дека Бугарија не е против, но смета дека не е време за одржување на меѓувладината конференција за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија во ЕУ.

Ваквите изјави, смета Шекеринска, не помагаат и не се во духот на Договорот за добрососедство со Бугарија.

„Ако нешто научивме во овие 30 турбулентни балкански години е дека емоциите не се добар сојузник во решавањето на билатералните прашања.

Ние покажаваме дека со сите наши соседи можеме да бидеме пријатели. Покажаваме и дека сме подготвени да инвестираме во таков сојузнички однос и ќе продолжиме да градиме и понатаму таква политика.

Очекуваме нашите сојузници и нашите пријатели да му помогнат на регионот, а не да му одмагаат. Единствен начин да му помогнеме на овој регион е да му дадеме шанса да има подобра и европска иднина“, рече Шекеринска на прес-конференција.

Сега, вели Шекеринска, е моментот кога се гледа колку навистина сакаме да градиме добрососедски односи. Ние, додава, нашиот тест го поминавме.

МИА/Фото: МО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каракачанов со закани: Бугарија не е против, но смета дека не е време за меѓувладина конференција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови рочишта за „Тендери“, „Тортура“ и раздвоената постапка за „Насилство во општина Центар“

Редакција

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не поддржува уставни измени под вакви услови, но е спремна да влезе во влада со СДСМ без ДУИ

Редакција

На 12 октомври ќе се читаат СМС пораките во случајот „Траекторија“

Редакција