Сигурносно стакло АД Прилеп лани остварило загуба од 6.047.000 денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Претходната година загубата била 3.779.000 денари.
Во овој период Друштвото има оперативни приходи од 7.518.000 денари, кои се намалени споредено со претходната година кога биле 13.017.000 денари.
Расходите изнесуваат 11.953.000 денари и истите се намалени споредено со 2024 година кога биле 15.600.000 денари.
Фото: Унсплеш














