еМагазин
Македонија

Сите починати од корона вирусот во изминатото деноноќие имале претходни заболувања

Сите пациенти кои починаа во изминатото деноноќие се пациенти со претходни коморбидитети и пациенти кои спаѓаат во ризична група, информираат од Министерството за здравство.

Од починатите на Инфективна клиника – 79-годишниот пациент од Скопје – Сарај, е хоспитализиран на 21 мај, лекуван претходно од TBC (туберколоза), пациентката 66-годишна од Струга-Лабуништа е хоспитализирана на 8 јуни, а имала висок крвен притисок и дијабет, пациентката – 54 години од Скопје – Студеничани е хоспитализирана на 5 јуни, а имала хронично обструктивна белодробна болест и гојазност.

„Починатата пациентка при прием во амбулантата на Инфективната клиника спаѓа во најкритичните пациенти бидејќи била со трансплантиран бубрег. Таа со семејството вчера дошла на Клиниката за нефрологија со приватно возило во тешка состојба. И бил земен брис. Во тие 3-4 часа додека била на Клиниката била максимално згрижена, а потоа била упатена на Инфективната клиника.

Од починатите во ГОБ „8 септември“ – пациентката 77-годишна од Скопје, хоспитализирана на 8 јуни имала срцева слабост, пациентката (73 години) од Струга, примена на 7 јуни имала хронична леукоза, висок притисок и дијабет. Пациентите биле примени како сомнителни на Ковид и потврдени по прием.

Пациентот 87-годишен кој почина во Штипската болница е лекуван болнички од 26 мај, а имал кардиоваскуларни заболувања,“ информираат од Министерство за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Оздравени шест лица кои боледуваа од корона вирусот

Починатиот маж од коронавирусот во Штип имал двострано воспаление на белите дробови

Нови 125 нови случаи со корона вирусот, најмногу 89 во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брисел испратил допис до МВР, македонските граѓани ќе може да патуваат низ земјите во ЕУ, со пасоши со старото име, вели Тошковски

Редакција

Со 98 гласа „за“ пратениците го изгласаа составот на собраниските комисии

Редакција

Од Ковид-19 починале 22 лица, дополнително пријавени уште четворица

Редакција