еМагазин
Image default
Македонија

Ситуацијата во болниците е сериозна, вчера имало голем број на прием на ковид-пациенти, вели Филипче

Ситуацијата во болниците е сериозна и во овој момент имаме благо зголемување на притисокот врз ковид центрите, односно во текот на вчерашниот ден имало поголем број на нови хоспитализаци, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

„Мерките даваат резултат, но потребно е максимално придржување до истите за да го надминеме и овој епидемиолошки бран.

Состојбата низ болниците секојдневно се менаџира според потребите, исполнетоста и отворањето на нови места за хоспитализација.

На утринскиот состанок со директорите на Клиниките разменивме информации во однос на состојбата,“ напиша тој на Фејсбук.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Изјавите на Бојан Јовановски се неточни

Редакција

Владата донесе одлука за испраќање припадници на Армијата во НАТО операција во Романија

Редакција

Денеска пресуда за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски

Редакција