еМагазин
Image default
Бизнис

Нова населба ќе „никне“ во Општина Карпош: На 34 парцели ќе се градат станбени згради, хотелски комплекс, трговски објекти…

Поттикнати од стратегијата на Општина Карпош за развој на своите периферни делови, советниците го изгласаа деталниот урбанистички план за Градска четврт ССИ 03, блок ССИ 03.02 (кај касарната „Илинден), соопшти Општината.

„Конкретниот ДУП опфаќа површина од 34,831 хектари, и е дефиниран на Север помеѓу магистралната улица „Словенија“, на Исток се движи по осовината на новопланираните сервисни улици „1804“ и „1811“. На Југ и Запад се протега низ транзитниот булевар „Никола Карев“.

Со планот, опфатот е конципиран во една целина со вкупно 34 парцели со намена за домување и трговски единици, хотелски комплекс, се предвидува изградба на основно и средно училиште, како и детска градинка, објект на МВР и станица за технички преглед на возила.

Исто така, планот предвидува простор за парковско зеленило (Д1) и заштитно зеленило (Д2)“, информираа од општината.

Фото: Општина Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се новите членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка?

Редакција

Министерството за финансии вработува 20 службеници

Редакција

ЕДС го доби тендерот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор за набавка на струја вреден 690.000 евра

Редакција