еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Ситуацијата во Украина пред ескалација: Путин најави признавање на независноста на Доњецк и Луганск

Рускиот претседател Владимир Путин донел одлука да ја признае независноста на самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск, области во источна Украина кои се под контрола на проруските сепаратисти од 2014 година.

„Во блиска иднина, Путин планира да потпише извршна наредба“, се вели во соопштението од Кремљ.

Признавањето на териториите на проруските бунтовници како независни републики, го побарале лидерите на двата региона, Денис Пушилин и Леонид Пасечник, а пред една недела и рускиот Парламент.

По оваа најава на Путин, европските лидери се на нозе, а германскиот премиер Олаф Шолц претходно го предупреди Путин дека признавањето на независноста на проруските бунтовници ќе биде „еднострано кршење на мировниот договор“.

Со оваа одлука на Путин, светот очекува ескалација на ситуацијата во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Путин ги призна украинските области Доњецк и Луганск како независни држави

Рускиот напад врз Украина може да почне во следните часови или денови и ќе биде екстремно насилен, тврди САД

Фото: Фејсбук/Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како да препознаете симптоми на лимфом

Редакција

Колкава е платата и кои услови треба да ги исполнувате за да работите како информатичар во Германија

Редакција

(Аудио) Нова „тура“ „бомби“ со Јанушев и Јанакиески

Редакција