еМагазин
Image default
Бизнис

Сместувачките капацитети на охридското крајбрежје речиси полни

Сместувачките капацитети на Охридското крајбрежје се исполнети повеќе од 80 проценти, а за викендите целосно, информира претседателот на Асоцијацијата за хотелиери (ХОТАМ), Крсте Блкажески.

Според него, традиционално, најбројни се туристите од Холандија и Полска, како и од соседството, но не изостануваат ниту домашните гости.

Секојдневните поскапувања на производите и услугите, задаваат проблем и во овој сектор, посебно со веќе склучените договори. Заработувачката некаде е минимална.

– Се прават корекции на некои договори, а некаде се намалуваат услугите во однос на цената. Неочекуваните поскапувања на електричната енергија и на останати производи ќе предизвикаат загуби кај некој хотелиери. Во летен период хотелите од сезонски карактер прават пари за да презимат и да поминат до следната сезона, вели Блажески.

Во овој период, речиси целосна е исполнетоста и во помалите сместувачки капацитети, станови, апартмани и студија, а шпицот од туристичката сезона се чуствува и на плажите.

Туристичките работници очекуваат поуспешна сезона во однос на претходните две години кога имаше пандемија во светски размери.

МИА/Фото: Министерство за економија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со купувањето на Охридска банка од Шпаркасе: Глигор Бишев повторно меѓу „најголемите“ во банкарскиот пазар

Редакција

Ново зголемување на платите во Рудник САСА

Редакција

„Алкалоид“ за своите вработени исплати регрес за годишен одмор за 2021 година и го продолжи доброволното приватно здравствено осигурување

Редакција