еМагазин
Image default
Македонија

Со сослушување вешто лице продолжи судењето за „Таргет-Тврдина”

Со сослушување на вешто лице кое го подготвило вештачењето, со кое според Обвинителството се побива теоријата дека трети страни незаконски прислушувале на територија на Скопје, во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за незаконско следење на комуникациите „Таргет-Тврдина”.

Судот, на почетокот не го прифати приговорот на одбраната, укажувајќи дека странките на претходната расправа дале согласност овој доказ да биде изведен, откако ќе биде сослушано вештото лице.

„Сметаме дека на овој начин не се повредува начелото на еднаквост на оружјата, со оглед дека советот досега дал еднаква можност и на двете страни и цениме и сметаме дека овој доказ треба да се изведе, со цел да се утврди вистината и утврдување на фактичката состојба“, е ставот на судот.

Одбраната бараше од судот да не го профати вештачењето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на извештајот од израелската компанија, доставено во дополнителна постапка, и да го одбие како неосновано и прибавено на незаконит начин.

Јавниот обвинител Трајче Пеливанов, рече дека е разбирливо противењето на одбраната, со оглед дека се побива нивната теорија дека трети лица незаконски прислушувале на територија на Скопје.

„Не гледам правни пречки за овој доказ да биде изведен и во оваа постапка, иако е создаден по наредба на јавен обвинител во друга постапка. Предлагам судот да не го прифати барањето на одбраната“, рече Пеливанов.

Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристеска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви.

Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 835 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

На 20 ноември продолжува рочиштето за убиството на младиот Никола Саздовски

Редакција

Кандидатот за претседател на Бугарија Лозан Панов ќе го посети Скопје и сака затоплување на односите

Редакција