еМагазин
Image default
Македонија

Соработникот на Лидија Димова доби условна казна

Александар Гочев, поранешниот соработник на разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, кој претходно призна вина, денеска доби условна казна.

– Одлуката е дупла условна осуда од две години, со тоа што нема да се изврши казната затвор ако во време од пет години не стори ново кривично дело. Утврдената казна од две години ќе се изврши ако во рок од шест месеци не го надомести имотноправното побарување од 943.757 денари, посочи судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска.

За висината на казната ќе одлучува Судот.

Според обвинението, Димова се товари за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на европската заедница, а третообвинетата Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“.

Тие изјавија дека не се чувствуваат виновни, со што судењето против нив продолжува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Соработникот на Димова, второобвинетиот Гочев призна вина, таа и Павлиду не

Обвинение за Лидија Димова и за уште две лица за злоупотреба на европски пари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претреси кај осомничени поврзани со случајот онкологија

Редакција

Џафери: Протоколот на НАТО ќе се ратификува до 12 февруари

Редакција

Спасовски откри дека текстот на дел од дојавите за бомби е идентичен како на оние кои се праќаат во земјите од регионот

Редакција