еМагазин
Image default
Македонија

Советот на јавните обвинители не избра ниту еден од шестте пријавени кандидати за јавни обвинители во ОЈО ГОКК

Советот на јавните обвинители не избра ниту еден од шестте пријавени кандидати јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје (ОЈО ГОКК).

Претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски, на денешната 67 седница информира дека биле пријавени шест кандидати, и тоа: Милица Гаврилова, од ОЈО ГОКК Скопје, која е оценета позитивно со 23 поени, Арсен Адеми од ОЈО Гостивар, позитивно оценет со 25 поени, Маја Коневска од ОЈО ГОКК Скопје, позитивно оценета со 19,3 поени, Елизабета Јосифовска од ОЈО Гостивар, позитивно оценета со 24 поени,Верица Бержевска Крстевска од ОЈО Скопје, позитивно оценета со 25 поени и Златко Биковски, од ОЈО Берово позитивно оценет со 25 поени.

Јолевски посочи дека очекувал повеќе пријавени со оглед дека за четири позиции пристигнале само шест кандидати.

Сите шестмина кандидати Гаврилова, Адеми, Коневски, Јосифовска, Крстевска и Биловски при гласањето не го добија потребното мнозинство и не беа избрани за јавни обвинители.

На дневен ред на 67-та седница на Советот, меѓу другото, е и донесување одлука за формирање Комисија за спроведување на гласањето за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК-Скопје. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради изолација на судијата Огнен Ставрев, одложено рочиштето за „Титаник“

Редакција

На граничниот премин Ново Село нема поголема фреквенција на возила и патници

Редакција

Обвинетиот Тони Трајковски оздраве: Судењето за „ТНТ“ продолжи со изведување докази

Редакција