еМагазин
Image default
Македонија

Спасени изгубени и дехидрирани велосипедисти во пределот на село Кожле

Во спасувачка акција на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Министерството за внатрешни работи денеска се спасени два велосипедисти кои залутале во пределот после скопското село Кожле.

Како што информираат од ЦУК, велосипедистите залутале барајќи ја старата црква и гробишта надвор од селото, а кога биле пронајдени во суровиот предел без вода биле многу дехидрирани и снеможени. Живописната црква и гробишта се на неколку километри пред, односно над, реката Пчиња оградени со камена ограда, но и со вегетација којашто ги затскрива од поглед.

По добивањето на информацијата околу 15:00 часот, преку телефонскиот број 112 од Секторот за операции и координациј во ЦУК веднаш биле активирани искусните оперативни дежурни работници од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Град Скопје.

Изгубените велосипедисти живи и здрави, се пронајдени околу 16:00 часот.

Акцијата за спасување е координирана и во директна комуникација на ЦУК и со изгубените и со припадниците на Министерството за внатрешни работи – полицијата и со Брзата помош.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца вработени во градинка во Крива Паланка позитивни на Ковид-19, установата ќе паузира две недели

Редакција

Пендаровски во Минхен се сретна со словенечкиот колега Пахор: Успешноста на политиката на проширување ќе зависи од македонскиот случај

Редакција

Ковачевски му порача на Радев повеќе да се занимава со реформите во неговата држава

Редакција