еМагазин
Image default
Македонија

Спортската сала во Медицинско училиште се подготвува за вакцинирање на битолчани

Општинскиот кризен штаб за борба против Ковид-19 и здравствените власти одлучија масовната имунизација на битолчани да се врши во спортската сала на средното медицинско училиште „Др. Јован Калаузи“.

Подготовките се во завршна фаза и се очекува почеток на акцијата за имунизација на населението, изјави градоначалничката Наташа Петровска.

-Општина Битола ги спроведе сите активности и инструкции за ефикасна работа на центарот за имунизација кој ќе биде во спортската сала на СОУ Медицинско училиште „Др. Јован Калаузи“.

Во оваа фаза се планира поставувањето на конструкции за параваните, набавка на компјутерска техника и други задолженија.

Кога ќе почне имунизацијата не зависи само од техничката поддршка, туку и од организацијата на медицинскиот персонал, но многу брзо масовната имунизација ќе има и во нашиот регион, изјави Петровска.

Инаку во Битола во последните 24 часа на домашно лекување пуштени се 22 лица, а хоспитализирани се 14 пациенти.

Во регионалниот ковид-центар на болничко лекување се 124 лица.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилеп нема да оди во карантин, матичните лекари ќе помагаат во борбата против Ковид-19

Редакција

Вкупно 7.474: Од Ковид-19 починаа 5 лица, дополнително пријавени уште 5

Редакција

Убава вест: Оздравени 507 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција