еМагазин
Image default
Балкан

Србија од утре останува без ниту една туристичка агенција

Од утре, Србија веќе нема да има ниту една туристичка агенција со лиценца за организирање патувања, објави весникот „Новости“, пренесува МИА.

Бидејќи осигурителните компании не сакаат да издаваат полиси за осигурување поради наводен висок ризик, агенциите автоматски го губат правото за обновување на лиценцата, што истекува утре.

Доколку државата, осигурителните компании, агенциите и банките не најдат соодветно решение, бидејќи постои можност за преземање банкарски гаранции, ниту една туристичка агенција во Србија нема да може да продава аранжмани од 1 октомври.

Во Србија има 480 организатори на патувања, за кои властите со години посочуваа, дека е преголем бројот на оние што се занимаваат со тој бизнис.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција не ни размислува за отворање на границите: Најавени дополнителни мерки за Македонија

Редакција

Група вооружени лица со оклопно возило упаднаа во манастирот во Бањска во Косово, има пукотници

Редакција

(Видео) Кривична пријава за Јосипа Лисац за начинот на кој ја отпеала хрватската химна

Редакција