еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Министерката Петровска во Киев: Украина ја има нашата поддршка за одбрана на својата сувереност и независност

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска престојува во Киев, Украина, каде имаше и средба со нејзиниот украински колега Олексеј Резников.

„Jа изразувам мојата почит и поддршка кон вас украинскиот народ, за вашата храброст, истрајност и одлучност да ја одбраните сопствената територија. Ваков чин на брутална агресија и терор врз цивилно население, деца, жени, стари лица се незамисливи за било која цивилизација во 21-от век.

Затоа од самиот почеток Владата на Северна Македонија ја осуди руската агресија врз Украина, која е неоправдана и со ништо не е испровоцирана. Без двоумење застанавме на страната на правдата и човечкото достоинство, на страната на вистината“, рече министерката Петровска на денешната прес-конференција со Резников во Киев.

Петровска упати порака до украинското лидерство и украинскиот народ дека Македонија силно ја осудува руската агресија врз Украина и даде полна поддршка за нејзиниот суверенитет и правото на самоодбрана.

„Ние бевме јасни и гласни од самиот почеток на агресијата, пред речиси точно една година кога рековме не на крвопролевањето, не на уништувањето во 21 век. Мирот мора да биде вратен веднаш“, рече Петровска.

Министерката се осврна и на досега укажаната хуманитарна и воена помош за Украина која ја даваме зашто цврсто веруваме во правото на секоја земја за самоодбрана и почитувањето на правилата и принципите на кои се основа меѓународната заедница.

Министерот Резников изрази силна благодарност за сета поддршка од Македонија и порача дека тоа украинскиот народ нема да го заборави. Нарекувајќи ја Петровска храбра министерка која во знак на пријателство допатувала во храбра земја, Резников потенцираше дека Украина е решена да го врати мирот.

Во Киев, министерката Петровска положи венец со свежо цвеќе на Ѕидот-паметник на паднатите за Украина, а имаше можност во градот Ирпин, местото каде украинските сили го запреа напредокот на руските сили кон главниот град Киев, да биде сведок и на разрушувањата предизвикани од бесправната и неиспровоцирана руска агресија врз самостојна и независна Украина.

Фото/видео: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Животот во некаква нормала би се вратил на почетокот или средината на мај

Редакција

Нови 72 случаи на Ковид-19, оздравени 35, дополнително пријавени две починати лица

Редакција

Џафери: Седницата за автентичното толкување на Законот за помилување после 11 декември

Редакција