еМагазин
Image default
Македонија

Сретен Стојковски именуван за нов в. д. директор на Државниот инспекторат за животна средина

Новиот в. д. директор на Државниот инспекторат за животна средина е Сретен Стојковски, со Решение на Владата на Република Северна Македонија за именување вршител на должноста директор на Државниот инспекторат за животна средина бр.14-8832/1 од 4 август 2021 година, информираа на Фејсбук од Државен инспекторат за животна средина.

Стојковски е роден 1967 година во Куманово вработен во Министерството за животна средина и просторно планирање, советник во Секторот за ЕУ, со овластување работи во Секторот за локална самоуправа и управно надзорни работи.

Тој е дипломиран инженер технолог, магистер по технички науки од областа Инженерство на животната средина, Технолошко-металуршки факултет при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разрешена директорката на ДИЖС, Ана Петровска, на нејзино место назначен Сретен Стојковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алијанса за Албанците е веќе поделена, викендов ќе има два конгреси, едниот го свика Таравари, другиот Села

Редакција

Во Србија опаѓа бројот на Македонци, според последниот попис има само 14.767

Редакција

Почнува судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Редакција