еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Алијанса за Албанците е веќе поделена, викендов ќе има два конгреси, едниот го свика Таравари, другиот Села

Драмата во владејачката Алијанса за Албанците (АА), која е во фокусот на јавноста, продолжува.

Викендов освен Конгресот кој го свика поранешниот лидер Зијадин Села за во недела, на кој на дневен ред е инцијативата за разрешување на актуелниот претседател Арбен Таравари, ќе се одржи уште еден, кој го свика Таравари.

Тој закажа Конгрес за денеска во 19 часот, а истиот ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје, а него ќе се дебатира за разрешување на Села од позицијата претседател на партискиот орган – Централното собрание..

И Конгресот кој го свика Села ќе се одржи во Скопје.

Двајцата се скараа поради тоа како да настапи АА на престојните избори, сама, како што бара Села, или во коалиција со Беса, Алтернатива и Демократскиот сојуз, како што бара Таравари.

Во меѓувреме Таравари стана и кандидат на АА за претседател на Македонија, а доби и подршка од Беса, Алтернатива и Демократскиот сојуз

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Арбен Таравари, кандидат за претседател на Македонија на албанската опозиција

Каков имот пријавил разрешениот министер Азир Алиу од Алијанса за Албанците

Каков имот пријавил разрешениот министер Фатмир Меџити од Алијанса за Албанците

Фото: Села/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 25-годишниот Марко му се потребни средства за лекување на канцер во странство

Редакција

Продолжува трендот на намален природен прираст на населението во Македонија

Редакција

Директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Биљановска ќе биде разрешена во прва прилика

Редакција