еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Продолжува трендот на намален природен прираст на населението во Македонија

Државниот завод за статистика соопшти дека природниот прираст на населението во земјава е намален. Во четвртото тримесечје од 2022 година изнесува – 616 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во четвртото тримесечје од 2022 година живородени се 4.427 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 4,7 отсто.

Бројот на умрените лица во четрвтото тримесечје од 2022 година бележи намалување од 26,8 отсто во споредба со истото тримесечје од 2021 година, односно 5.043 лицa, од кои девет се умрени доенчиња.

Во ова тримесечје од годината се склучени 2.762 бракови и нивниот број е намален за два отсто во споредба со истиот период од 2021 година.

За четвртото тримесечје од 2022 година се добиени 339 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 39,1 отсто во споредба со истото тримесечје од 2021 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вакцините од Србија нема да стигнат денеска, доставата одложена за следните денови

Редакција

(Фото) МВР објави фотографија од напаѓачот на Раде Трајковски Штекли во Ист Гејт

Редакција

ЕСМ го продолжи рокот за поднесување на документација за снабдување со струја по повластена цена

Редакција