еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЕСМ го продолжи рокот за поднесување на документација за снабдување со струја по повластена цена

АД ЕСМ до 20 ноември го продолжи рокот за поднесување документација за снабдување со електрична енергија по повластени цена преку „ЕСМ продажба“ од 1 декември за дел од компаниите од прехранбената индустрија, водостопанските претпријатија и основните и средните училишта.

Првично крајниот рок за поднесување на документацијата беше до утре.

– Рокот за снабдување од 01.12.2022 година, за промена на снабдувач со комплетните документи е продолжен и потребно е тие да се поднесат до 20.11.2022 година, информираат од АД ЕСМ.

Од компанијата нагласуваат дека АД ЕСМ ги подготви процедурите, договорите и придружните документите потребни за склучување договори за снабдување на дел од прехранбената индустрија, водостопанствата и јавните училишта.

-Тие се поставени на официјалната страна на АД ЕСМ на следниот линк: esm.com.mk од каде засегнатите субјекти ќе можат да ги симнат, пополнат и потпишат и да ги испратат на соодветните мејл адреси кои се наведени во упатствата, како и до архивата на АД ЕСМ, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Кој и како од денеска треба да се пријави за снабдување со струја од ЕСМ Продажба по поевтина цена

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народната банка распиша оглас за избор на вицегувернер

Редакција

Владата воведува данок на осигурување

Редакција

Арменд Арслани e нов заменик-министер за здравство: Што пишува во неговата биографија?

Редакција