еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Со хеликоптер на МВР извлечен починатиот планинар кај Титов Врв

Преку ЦУК-Тетово во СВР Тетово вчера во 17 часот и 30 минути, Ф.Н.(24) од Куманово пријавил дека движејќи се со уште едно лице, негов пријател, кон Титов Врв, околу половина километар пред да се искачат, другото лице паднало од карпа во бездна и се повредило, но дека поради непристапниот терен и маглата Ф.Н. не можел да види за какви повреди станува збор и практично да му помогне.

Набргу по пријавувањето, соопштија денеска од МВР, била организирана спасувачка потрага по двете лица во која учествувале екипи на МВР, ЦУК, СВР Тетово, ТППЕ Тетово и други лица, кои со специјални теренски возила и хеликоптер се упатиле на посоченото место.

– По извесно време спасувачките екипи го пронашле Ф.Н. и го пренеле во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, a двајца припадници на МВР се повредиле во акцијата.

Второто лице денеска (9 ноември) претпладне беше пронајдено починато и со хеликоптер на МВР беше извлечено од местото каде паднало вчера, се појаснува во соопштението.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршија увид и се расчистува и документира случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден починат, тројца повредени: ЦУК со детали за акцијата за извлекување на планинарите кај Титов Врв

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 34 случаи на Ковид-19, оздравени 264, починати тројца

Редакција

Идниот Трстена, малиот Бесир Алили ги разнежни твитерџиите: „Твојот успех е и наш успех!„

Редакција

Кои се најголемите донатори на ДУИ за изборната кампања 2020?

Редакција