еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 34 случаи на Ковид-19, оздравени 264, починати тројца

Во последните 24 часа направени се 223 тестови, а регистрирани се 34 случаи на Ковид-19, од кои осум се реинфекции.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се три починати лица во период од 10 до 29 август.

Оздравени се 264 пациенти, а активни се вкупно 1.032 случаи на коронавирусот, информира Министерството за здравство.

Од новите случаи, 26 се регистрирани во Скопје, Битола и Прилеп по двајца, Куманово, Охрид, Неготино и Свети Николе по еден.

Оздравени се 264 пациенти од Скопје – 71, Охрид – 46, Делчево – 29, Куманово – 19, Битола – 10, Кавадарци и Струга – по 8, Кочани – 7, Прилеп, Тетово и Велес – по 6, Струмица, Крива Паланка и Пехчево – по 5, Берово, Валандово, Виница и Кратово – по 4, Дебар – 3, Штип, Гевгелија и Македонски Брод – по 2, Неготино, Свети Николе, Гостивар, Кичево, Пробиштип, Богданци, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се три починати лица од Скопје, Крушево и Дебар, на возраст од 79-89 години.

Од нив две лица се починати во болнички услови а едно лице во домашни услови.

Пријавените се починати во период од 10 до 29 август оваа година.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 341.404, бројот на оздравени пациенти е 330.866, на починати е 9.506.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 12 октомври ќе се читаат СМС пораките во случајот „Траекторија“

Редакција

Град Скопје склучи договор со Пошта, вреден 582,1 илјади евра

Редакција

Западен Балкан заедно со Африка во приоритетите на Франција како претседавач на ЕУ

Редакција