еМагазин
Image default
Бизнис

Владата воведува данок на осигурување

Со новиот закон за данок на личен доход се предвидува и оданочување на доход од осигурување.

Под доход од осигурување се подразбира премијата за осигурување на живот уплатена од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, премијата за неживотно осигурување уплатена од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, придонеси во доброволен пензиски фонд уплатени од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, исплатената осигурана сума, освен надоместокот на штета,  исплатениот пензиски надоместок од доброволно капитално финансирано осигурување и освен пензискиот надоместок исплатен преку програмирани повлекувања.

Ви ја пренесуваме оваа одредба од предло-законот:

Доход од осигурување

Член 69

Под доход од осигурување се подразбира:

1) премијата за осигурување на живот уплатена од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност

2) премијата за неживотно осигурување уплатена од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, освен премијата која е ослободена од оданочување согласно членот 12 точка 33) од овој закон

3) придонеси во доброволен пензиски фонд уплатени од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност

4) исплатената осигурана сума, освен надоместокот на штета согласно членот 12 од овој закон и

5) исплатениот пензиски надоместок од доброволно капитално финансирано осигурување, освен пензискиот надоместок исплатен преку програмирани повлекувања.

Член 70

Обврзник на данокот на доход од осигурување е физичкото лице кое остварува доход од членот 69 од овој закон.

Член 71

Ос­но­ва за прес­ме­ту­ва­ње на да­но­кот на доходот од осигурување прет­ста­ву­ва:

1) износот на уплатената премија за осигурување на живот од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, над износот утврден во член 12  точка 34) од овој закон;

2) износот на уплатена премија за неживотно осигурување од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност;

3) износот на уплатен придонес во доброволен пензиски фонд од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, над износот утврден во член 12 точка 35) од овој закон;

4) износот на осигурената сума намален за износот на уплатените премии за осигурување на живот во случај кога премиите се уплатени од физичко лице, односно износот на осигурената сума намалена за износот на уплатените премии за осигурување на живот кои се оданочени согласно точка 1) на овој член;

5) износот на пензискиот надоместок од доброволно капитално финансирано пензиско осигурување (трет столб) намален за износот на уплатените придонеси во доброволен пензиски фонд во случај кога придонесите се уплатени од физичко лице, односно износот на пензискиот надоместок од доброволно капитално финансирано пензиско осигурување (трет столб) намален за уплатените придонеси кои се оданочени согласно точка 3) на овој член.

ПОВРЗАНИ ТЕКСТОВИ

Даночниот експерт Павле Гацов: Од прогресивниот данок најголема добивка ќе има државата

Владата воведува данок на штедење во износ од 15 отсто

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бектеши, Мојсовски и Тасев ја посетија подружницата на Алкалоид во Киев, Украина

Редакција

„Гранит“ со намалена добивка

Редакција

Народната банка вработува шест лица, плата до 61.445 денари

Редакција