еМагазин
Image default
Бизнис

(Фото) Бектеши, Мојсовски и Тасев ја посетија подружницата на Алкалоид во Киев, Украина

Министерот за економија Крешник Бектеши, придружуван од директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, советникот за млади и спорт во Владата, Ѓорѓи Тасев и амбасадорот на Македонија во Украина, Крум Ефремов денеска остварија посета на компанијата Алкалоид Киев- подружница на фармацевтската компанија Алкалоид АД Скопје во Украина, информираат од Министерство за економија.

Ова претставништво е одговорно за етички маркетинг и за промоција на производите на Алкалоид на украинскиот пазар.

Менаџерот на подружницата Дејан Каранфилов ги информираше за основната дејност, тековните активности на Алкалоид Киев и плановите за украинскиот пазар.

Алкалоид е извозно ориентирана компанија и околу 65% од своето производство го пласира на пазарите на речиси 40 земји.

Групацијата Алкалоид брои 2.430 вработени од кои 570 се вработени во подружниците надвор од Северна Македонија.

Министерот Бектеши го честиташе љубилејот од 85 години на Алкалоид АД и посака успех на менаџментот на Алкалоид Киев за реализација на идните планови и посочи дека Министерството за економија како надлежно за меѓународните трговски односи на Северна Македонија секогаш ќе работи на создавање на поволни услови за работа на домашните компании во странство.

Фото: Министерство за економија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мермерен комбинат објави став на Одборот на директори за понудата за преземање од Долит Инвестментс

Редакција

Гордана Балтовска реименувана за член на Управниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција

Собранието вработува 12 службеници

Редакција