еМагазин
Image default
Македонија

Уставниот суд денеска ќе одлучува за апанажата на функционерите и за функцијата на Артан Груби

Уставниот суд денеска треба да расправа за апанажата на избраните и именувани лица, како и за функцијата прв вицепремиер во Владата.

На 7 декември, Уставниот суд одлучи да поведе постапка и изрази сомнеж во уставноста на членот 22 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица, откако пред него беа оспорени членовите 19, 20, 21, 22, 23, 24 и 25 од овој закон.

Во членот за кој е поведена постапка е предвидено дека пратеник, функционер и раководен работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на времето за кое е избран, именуван или назначен, ги има правата на остварување на плата по престанувањето на функцијата.

Лицата додека го остваруваат правото на плата, имаат право и на надоместок за користење на годишен одмор, според став 2 од членот 22 од Законот.

Судот одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на членовите 19, 20, 21, 23, 24 и 25 од Законот означен во точката 1 од ова решение и одлучи да ја отфрли иницијативата по однос на барањето за оцена на меѓусебната согласност на одредбите означени во точките 1 и 2 од ова решение со членовите 105, 106 и 113 од Законот за работни односи.

За функцијата прв вицепремиер, иницијативата ја поднесе политичката партија „Левица“, а во неа се наведува дека законот за Влада дозволуа премиерот да именува свои заменици од редовите на министри, но дека не се дозволува рангирање на вицепремиерите од типот „прв“, „втор“, „трет“ и слично.

Уставниот суд ќе расправа и за оспорени членови во Законот за судски совет за кои во изминатиот период имаше многу реакции затоа што во законот има член кој вели дека претседателот се избира само од редот на членови кои се избрани од Собранието, а тоа се членови кои не се судии, туку стручни соработници.

МИА/Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 339 пациенти болни од Ковид-19

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Редакција

Ќе има ли нови „изненадувања„: Продолжува расправата за промена на Уставот

Редакција