еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил разрешениот министер Фатмир Меџити од Алијанса за Албанците

Фатмир Меџити, кадар на владејачката Алијанса за Албанците (АА) не е повеќе министер за здравство. Тој во македонското Собрание беше разрешен заедно со неговиот сопартиец, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

Разрешен е бидејќи во несогласувањата помеѓу претседателот на АА, Арбен Таравари и поранешниот лидер, Зијадин Села, застана на страната на неговиот долгодишен пријател, Таравари.

На негово место ќе дојде Илир Демири, исто така кадар на АА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Илир Демири, предлог на АА за министер за здравство на местото на Фатмир Меџити

еМагазин го разгледа анкетниот лист на Меџити, кој го доставил до Антикорупциската комисија кога стана министер.

Каков имот пријавил?

На свое име пријавил куќа во Скопје од наследство.

На име на родителите пак пријавил уште две куќи во Гостивар, земјоделско земјиште во Неготино Полошко, Гостивар, од наследство, и во Гостивар, и два деловни простори во Гостивар.

На име на сопругата пријавил возило Тојота јарис, а на име на родителите Голф 5, а тој вози Мерцедес бенз.

На свое име пријавил кредит од 9,2 милиони денари, кој треба да го врати до 2050 година, а на име на сопругата од 1,2 милион денари, кој треба да се врати до 2032 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Села ќе го менува и Таравари на Конгрес следниот викенд

Таравари не дојде на седницата на Централното собрание на АА, на која се изгласа инцијатива за негово разрешување

(Фото) Двајца пратеници на АА во Куманово му дадоа поддршка на Таравари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Ирена Ристиќ во интервју за „еМагазин“: Ако си на функција должен си да најдеш решение, а не оправдание

Силвана Жежова

Текстилниот кластер во Штип брои 126 заразени со коронавирусот

Редакција

Европа нема да може да најде замена за рускиот гас во следните пет години, оцени потпретседателот на руската влада Новак

Редакција