еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Српска е-Управа, истиот ден на вакцинацијата против Ковид-19 на меил го испраќа Дигиталниот зелен сертификат

Македонските граѓани кои се вакцинираа во Србија, исто како и српските граѓани, на меил ги добија Потврдата за извршена вакцинација и ревакцинација, како и Дигиталниот зелен сертификат.

Двата документи освен на српски јазик, се преведени и на англиски, и се валидни документи за патувања.

Потврдата и Дигиталниот зелен сертификат содржат кју-ар код кој е своевидна „лична ковид карта“ за лицето.

Во Македонија пак, граѓаните ако сакаат да ја добијат потврдата за вакцинација, треба да се логираат на сајтот vakcinacija.mk и од таму да ја испечатат.

Дигитален зелен сертификат, во Македонија се уште не се издава.

Фото: Photo by Lukas on Unsplash

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарската групација 4iG основа компанија во Македонија

Редакција

Драстичен раст: Минатата недела 1.247 лица по вторпат заболеле од Ковид-19

Редакција

Жена од Скопје пријавила дека наставник поттикнувал малолетник физички да го нападне нејзиниот син

Редакција